Барселона немаше проблеми со Малга, победувајќи со 4-1. “Блауграна“ профитираше по киксот на Реал и во трката за титулата му побегна за нови два бода.
Видео : Реал М. загуби “планирани“ два бода, 13 победа во низа за Барса
16.01.11 23:13
Реал Мадрид ремизираше на гостувањето кај Алмерија со 1-1. Домаќинот поведе со 1-0 во 60-та минута по погодокот на Улоа.
“Кралевите“ во преостаните пола сат од натпреварот нападнаа со целиот “арсенал“, единствено патот до мрежата го најде Естебан Гранеро во 77-та минута по асистенцијата на французинот Бензема.
“Лос бланкос“ во судсикото продолжение преку Роналдо имаа шанса да триумфираат но гредата беше сојузник на голманот на Алмерија, Диего Алвес.
Резултати: Валенсија – Депортиво 2-0, Алмерија – Реал М 1-1, Барселона – Малага 4-1,
Табела : Барселона 52 , Реал М. 48, Виљареал 42, Валенсија 37, . . .
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










