Реал Мадрид успеа да избегне пораз но не и елиминација од кралскиот куп откако ремизираше 2-2 на гостувањето кај Барселона. Домаќините до предност дојдоа со головите на Педро и Алвеш, додека Реал се врати во игра преку Роналдо и Бензема. Барса оди понтаму благодарение на триумфот во првиот меч со 2-1.

Првото полуфинале го формираа Атлетик Билбао – Мирандес, додека Барселона го чека подобриот од дуелот Леванте -Валенсија.

М.П.