Реал Мадрид успеа негативата од 2-0 по првиот полчас да ја претвори во триумф од 3-2 против Малага, во првиот меч од Копа Дел Реј. Гостите на чија клупа седи поранешниот стратег на Реал, Мануел Пелегрини имаа водство со головите на Санчес и Де Микелис. Пресвртот го најави Кедира, изедначи Игуаин, а го комплетираше Бензема.


На останатите натпревари : Албасете – А.Билбао 0-0, Алкорнон – Леванте 2-1, Мирандеш – Расинг С 2-0.