– Големите дрвја и нивните гранки преставуваат потенцијална опасност и може да ја загрозат безбедноста на минувачите. Ова го има утврдено специјална комисија, која што функционира при Општина Охрид. Изведувањето на активностите за сечење на дрвјата ги спроведуваат комуналните служби на општината и дел од екипите на ЈП Охридски Комуналец.-вели Никола Маневски, портпарол на Општина Охрид.
Рекреативците кои се затекнаа на местото беа вчудоневидени од глетката, коментирајќи дека се уништува зелениот појас на единствената пешачка патека во градот. Можеа да се чујат и забелешки дека се сечат здрави стебла кои во летниот период обезбедуваат сенка и се битен дел од екосистемот на Студенчишкото блато, а дел од нив гласно се прашуваа до кога под разни изговори ќе се уништува зеленилото во градот кое го има се помалку.