Арсенал со победата од 2-1 над градскиот ривал Фулам го зазеде врвот во Премиер Лигата. Триумфот на “топџиите“ беше обезбеден благодарение на  францускиот репрезентативец Самир Насри кој со два фантастични погодоци брилираше во натпреварот на Емирати.


Поранешниот член на Олимпик Марсеј двата голови ги постигна по соло продори и ќе конкурираат за најдобри погодоци во Премиер Лигата. Самир Насри потсети зошто фудбалот е најпопуларен ширум светот.

Мх.П.