Македонскиот интернационалец Стевица Ристиќ со голот во 46 минута ја потврди победата на неговиот Амкар против Терек од 2-0. За Ристиќ ова беше втор погодок во седмиот натпревар од рускиот шампионат, првиот го постигна на дебито против Крилја Советов.

По оваа победа Ристиќ и Амкар ја прекинаа серијата од пет порази и за момент се искачија на местото кое и наредната година обезбедува првокласен фудбал во Русија.

М.П.