Видео : Ристиќ поцрвена во контраверзното полуфинале
19.10.11 16:18
Катарскиот Ал-Сад победи со 2:0 на гостувањето против Корејскиот Сувон во првиот меч од полуфиналниот натпревар од азиската лига на шампиони. Но мечот најповеќе ќе биде запамтен по тепачката во која учествуваа речиси сите играчи, дури и оние од клупата.
Првото полувреме заврши без голови. Во второто полувреме сенегалецот Мамадоу Нианг погоди во 70-та минута за водство на гостите од 0:1. Мечот излезе од контрола во 81 минута откако играч на Сувон ја исфрли топката надвор од игра за да му се укаже лекарска помош на негов соиграч, но наместо вратена топка кон нив Ал-Сад искористи прилика и ја уфрли топката пред противничкиот шеснаесетник, а на осамениот Нианг не му беше воопшто тешко да го заобиколи противничкиот голман и да постигне контроверзен гол за 0:2.
Голот предизвика бурни реакции кај Сувон каде сите играчи вклучувајќи ја и клупата за резерви создадоа турканица која подоцна прерасна и во тепачка. Судијата и неговите помошници за среќа не беа вклучени во инцидентот кој со внимание го следеа.
Кога се смирија страстите во 85 минута судијата Абдул Малик со црвен картон го испрати македонскиот напаѓач Стевица Ристиќ во соблекувалната кај Сувон, додека пак кај Ал-Сад црвен картон заработи Абдул Кеита, но сигурно е дека многу други дополнително ќе бидат казнети по разгледувањето на снимките од овој натпревар.
Во судиското продолжение кое траеше 11 минути црвен картон заработи и „јунакот“ на овој натпревар Нианг, кој откако се најде во офсајд ја изби топката што е можно подалеку, со што доби втор жолт картон, односно црвен.
Повратниот дуел ќе се одигра следната Среда на стадионот Ал-Саад Јасим Бин Хамад во Катар.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...