Со познатата народна песна „Македонско девојче“, извонредниот унгарски виолонист Роби Лакатош му го честита 53-от роденден на фестивалот Охридско лето. На прес конференцијата што се одржа на плажата „Cuba Libre“, Лакатош со овој убав гест го најави големиот концерт вечерва на Античкиот театар, со кој фестивалот ќе одбележи 53 години постоење.


Директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска на роденденскиот прес истакна дека фестивалот „Охридско лето“ опстојува долго време, затоа што секогаш знае и успева покрај квалитетната програма за родендените да избере особени уметници.

-Благодарение на селекторите, успеваме да спакуваме приказна за вљубениците во музиката и театарската уметност, рече Јанкуловска.


Роби Лакатош кој прв пат настапува на Охридско лето, вели дека е возбуден што е дел од манифестацијата на која веќе настапиле негови добри пријатели, инаку исто така врвни уметници.

– Секогаш кога се настапува првпат е мошне значајно. Очекуван одличен концерт и публика оваа вечер. А вообичаено кога настапувам некаде за првпат, свирам компилација на композиции од сите мои албуми, како и дела од најновото це-де, изведени премиерно во големата „Опера хаус“ во Сиднеј, рече маестро Лакатош.


Роби Лакатош е роден во легендарното семејство на ромските виолинисти со потекло од Јанош Бихари, „Кралот на ромските виолинисти“, Роби Лакатош пораснал со музиката и на 9-годишната возраст дебитирал како прва виолина во ромскиот оркестар. Неговата музикалност се развивала не само преку семејството, но и на Конзерваториумот „Бела Барток“ во Будимпешта кадешто во 1984 г. ја добил 1-та награда по класична виолина. Во 1986-96 гг., заедно со неговиот ансамбл, Лакатош го воодешувувал аудиториумот на “Лес Атéлиерс де ла гранде Илле” во Брисел – неговиот „музички дом“ во овој период. Лакатош соработувал со Вадим Репин и Стефан Грапели, а со неговата изведба се восхитувал Сер Јехуди Мењухин кој специјално доаѓал во клубот во Брисел да го чуе.
 
-Еднакво комотно чувствувајќи се при изведбата на класичната музика, џезот и унгарските фолклорни идиоми, Лакатош е од ретките музичари кој им пркоси на дефинициите. Го нарекуваат ромски виолинист или „ѓаволест виолинист“, класичен виртуоз, џез-импровизатор, композитор и аранжер, „повратник од 19-от век“, а Лакатош, всушност, и е се‘ ова заедно. Тој е универзален музичар кој толку ретко може да биде сретнат во наше време – свирачот чијашто моќ на интерпретатор потекнува од неговите активности на импровизатор и композитор. Лакатош настапува во најпознатите сали и на најпрестижните фестивали во Европа, Азија и Америка.-ќе напише критиката за Лакатош.

OhridNews