Кристијано Роналдо беше главната фигура во победата на Реал Мадрид над Виљареал со 4-2 во дерби пресметката во Шпанската Ла Лига. Третопласираниот Виљареал тричетвртини од мечот одлично се држеше и беше повеќе од рамноправен противник.


На два пати во првиот дел гостите беа во предност, но Роналдо ја анулираше нивната предност. Разликата беше Кака’ кој по влегувањето во игра во вториот дел ја отвори “жолтата подморница“. Со третиот гол, вкупно 23 сезонава португалецот зголеми на 3-2, а конечниот резултат со првиот гол сезонава го постигна Кака, на додавање на Роналдо.

По 18 одиграни рунди Барселона води со 49 бода, два повеќе од Реал Мадрид.

Ohridnews