Милан ремизираше 2-2 со Палермо во првиот натпревар во полуфиналето во Копа Италија. “Росонерите“ дојдоа во предност со голот на Ибрахимовиќ, додека Пасторе и Ернадез го завртија резултатот во корист на гостите. Конечните 2-2 ги постави Емануелсон во 75 минута.

Во другото полуфинале Интер ја победи Рома со 1-0. Реванш мечевите се играат на 11 Мај.