Избраниците на Масимилијано Алегри се последниот патник во 1/2 финалето во “Копа Италија“ откако на Сан Сиро го совладаа Лацио во 1/4 финалниот дуел.


Лацио мечот го започна одлично, поведе преку францускиот интернационалец Сисе. По примениот погодок, “росонерите“ се разбудија од 15-та до 18-та минута Милан, со погодоците на Рубињо и Сидоф го сврте резултатот.  Конечните 3-1 ги постави Ибрахимовиќ во финишот на средбата.

Во 1/2 финалето од “Копа Италија“ ќе се сретнат, Јувентус – Милан и Киево – Наполи. Првите натпревари се играат на 8 февруар додека реванш мечевите се закажани за 21 март.

Мх.П.