Актуелниот првак во “калчо лигата“ Милан го задржа чекорот со Јувентус, откако “росонерите“ со убедливи 3-0 триумфираа над Каљари на домашен терен.


“Ибракадабра“ со маестрален погодок од слободен удар го отвори резултатот, водството го дуплираше Ночерино додека конечните 3-0 ги постави повратникот во екипата Масимо Амброзини.

Резултати : Фиорентина – Сиена 2-1, Чезена – Аталанта 0-1, Рома – Болоња 1-1, Лече – Интер 1-0, Киево – Лацио 0-3, Џенова – Наполи 3-2, Палермо – Новара 2-0, Милан – Каљари 3-0.

Мх.П.