Без победник завршија одложените натпревари во Италијаската Серија А. Јувентус извлече бод на гостувањето кај Болоња, откако ремизираше 1-1. На “Ренато д`лара“ домаќините дојдоа во предност во 17 минута со голот на Марко Ди Вајо, додека конечниот резултат го постави Мирко Вучиниќ по еден час игра.

Парма ремизираше 2-2 со Фиорентина, додека без голови 0-0 заврши пресметката меѓу Чезена – Катанија.

По 26 одиграни кола на табелата води Милан со 53 бода, два повеќе од Јувентус.

М.П.