Екипите на Сампдорија и Рома се патници во четвртфиналето од италијанскиот куп. Сампдорија благодарение на подоброто изведување на пеналите го елиминираше Удинесе 5-4.

Рома во градското дерби беше подобра од Лацио победувајќи со 2-1. Бориело и Симплисио погодија за “волчицата“, додека голот за “орлите“ го постигна Хернанес.

Последниот патник во четвртфиналето ќе биде познат по мечот Милан – Бари.

М.П.