Бразилскиот Сантош е првиот финалист на светското клупско првенство откако “кариоките“ со 3-1 ја совладаа Кашива. Талентираниот Нејмар во 19-та минута го отвори резултатот, на 2-0 пет минути подоцна зголеми Боргес. Неизвесноста на мечот ја врати Сакаи во 54-та минута додека визата за финале на Сантош ја завери Силва во 63-та.


Освојувачот на “копа либертадорес“ Сантош ќе игра со победникот од натпреварот  помеѓу Ал Сад и Барселона кој е на програмата в четврток.

Мх.П.