Подготовките за премиерата на документарнит филм „Чистилиште на душата“ на младиот охридски режисер Илија Пиперкоски, се во завршна фаза. Подготвен е и трејлер кој  читателите на OhridNews можат да го погледнат тука:


Документарниот филм  „Чистилиште на душата“ е посветен на одбележувањето на верскиот празник Богојавление – Водици во Охрид и открива и многу интересни детали околу фаќањето на крстот во осветените води на Охридското Езеро.

Премиерно документарецот за Водици ќе биде прикажан на  24 декември во Центарот за култура во Охрид.

OhridNews