Такси возило се запали доцна попладнево на кружниот тек кај Охридска банка.

Причина за пожарот најверојатно е неисправна инсталација.

На местото на настанот интервенираше противпожарата служба која за брзо го изгасна пожарот.

Во инцидентот нема повредени, информираат од противпожарната единица Охрид.

OhridNews