Шалке го победи второлигашот Диузибург со високи 5-0 во Купот на Германија и по петти пат го освои “покалот“ во ова натпреварување.
Пред полните трибини на Олимпискиот стадион во Берлин, “сините“ комплетно го надиграа противникот полнејќи ја до врв неговата мрежа. Погодоците за составот на Ралф Рангник беа дело на Јулијан Дракслер, Клас Јан Хунтелар на два пати, Бенедикт Ховедес и Хурадо.
Шалке по овај триумф ја заврши сезоната која мина во знакот на мечевите во лигата на шампиони, каде беа запрени во полуфиналето од Манчестер Јунајтед. Освојувањето на купот им овозможи место на сините наредната сезона во Лига Европа.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com