Почеток од соништата за кодомаќинот на европскиот шампионат Украина која благодарение на ледендарниот Андреј Шевченко со 2-1 ја совлада Шведска.

Мечот беше изедначен во првиот дел и ништо на ја навестуваше бурата која се случи во вториот. Прв страстите ги подгреа Златан Ибрахимовиќ кој по додавањето на Калстром погоди за предност на “трите круни“.

Но погодокот на Ибрахимовиќ, ги разбуди домаќините. Се разигра поранешната ведета на Милан кој ги игра последните мечеви во националниот дрес. Прво во 55 минута со глава го изедначи резултатот, а во 62 минута го комплетираше пресвртот.

Во финишот на мечот швеѓаните имаа прилки преку Елмандер и Мелберг, но не успеаа да го најдат патот до противничката мрежа.

По првото коло во оваа група Украина е прва со три бода, по еден имаат Франција и Англија, додека без бодови е Шведска.

Во наредното коло Украина игра против Франција, додека Англија ќе се сретне со Украина.