Клубот за подводни дејности Охрид од Охрид неодамна изврши подводно чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад кај Трпејца. Од езерските води извадена е поголема количина најразличен отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња, шпорети бојлери, телевизори и покуќнина.
Во акцијата учествуваа дваесет нуркачи со логистичка подршка на околу триесеттина луѓе, членови и пријатели на Клубот за подводни дејности.
Проектот за чистење на Охридското Езеро од цврст отпад е поддржан од Општина Охрид.
OhridNews
Видео: Емил Јовановиќ











