Силен земјотрес ја погоди Хрватска. Епицентар на земјторесот со јачина од 6.3 степени по Рихтер било во Петриње, а силно се почувствувал во цела Хрватска, пренесува „Index.hr“.

Во моментов, на терен се хрватската полиција која со помош на граѓаните помагаат каде што е неопходно и најпотребно.

Ги повикуваме сите граѓани да излезат на отворен простор и да се тргнат од силни и цврсти градби. Исто така ги замолуваме да помагаат, колку што се во можност, заедно со надлежните институции. – стои во соопштението од хрватска полицијa.

Има жртви, а од силината на земјтресот причината е голема материјална штета.

На овој земјотрес деновиве му претходеше уште еден со интензитет од пет степени на Рихтеровата скала.

OhridNews