Град со големина на лешник ноќеска паѓаше во Охрид. Најсилен интензитет невремето имаше околу 1 часот. За само неколку минути улиците во Охрид побелеа од град.

Во текот на денот не очекува променливо облачно и значително потопло време со сончеви периоди. Во претпладневните часови, како и во ноќта кон недела, претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд. На планините над 1800 м.н.в ќе има врнежи од снег. Количината на наврнат воден талог во крајните западни делови се очекува да биде околу 20л/м2. Ќе дува умерен, а на повисоките места и во јужните делови повремено силен западен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 9 степени Целзиусови, информира УХМР.

OhridNews