Видео: „Сини вирови“ – кријат тајни стари милиони години
15.08.12 09:00
Малкумина знаат дека во реонот на Дебрца, поточно помеѓу Белчишта и Ново Село, се наоѓа еден од најголемите блатни резервати во Македонија. Локалитетот Белчишкото блато, попознат во народот како „Сини Вирови“ сместен во недопрена природа крие тајни за животот на планетата од пред многу милиони години.
Тука се среќаваат ендемски видови флора и фауна, а според експертите доколку се направат детални истражувања во овој регион голема е веројатноста дека би можело да се откријат и фосилни остатоци од плиоценскиот период, кога реонот на Дебрца бил заезерен. Во подоцнежните периоди дел од тие езера се исушиле, а дел постојат и денес во Белчишко блато.
Природниот резерват кој се протега на површина од околу 3 километри квадратни изобилува со вода која извира од повеќе страни формирајќи потоци и мали реки кои циркулираат низ целата површина на блатото, создавајќи голем број езерца со карактеристична модро сина боја, поради што и локалитетот го добил името „Сини вирови“. Езерцата изобилуваат со риба, а опкружени се со влажни ливади и шума кои се составен дел од овој блатен еко систем, еден од најголемите сочувани во Македонија.
Заради значењето на „Сини вирови“ преземени се мерки за заштита на овој локалитет, кој со закон е прогласен за споменик на природата и опфатен е со Рамсарската конвенција за заштита на птиците. Освен со птици изобилува со многу видови пеперутки, и е едно од ретките места во Македонија каде има голема популација на видри. Во насока на негово зачувување Еколошкото друштво „Грашница“ во рамки на проектот „Импресии од Илинска – Плакенска планина“, кој е дел од програмата за заштита на Балканскиот рис што Македонското еколошко душтво ја реализира заеднички со ППНЕА (Албанија), КОРА (Швајцарија) и ЕуроНатур (Германија), со финансиска помош од фондацијата МАВА (Швајцарија), изготви еко-спот, чија цел е да влијае на свеста на населението за потребата од зачувување на овој редок природен феномен, кој доколку се зачува и одржливо се искористува може да биде ставен и во функција на развој на туризмот.
Велигден е најголемиот христијански празник Има многу обичаи коишто се поврзани со неговото прославување Во нашата традиција на полноќ, откако ќе биде објавена радосната вест за воскресението на си...
Граѓаните во Северна Македонија живеат пократко од европскиот просек, покажуваат најновите податоци на Еуростат за очекуваниот животен век, кои укажуваат на значителна разлика меѓу земјата и Европс...
Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ продолжува со активностите за подигнување на јавната свест за ретките бубрежни заболувања во рамките на Месецот на бубрежните заболувања Денеска с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.