“Сините“ на Стемфорд Бриџ во последните десет миниту го скршија отпорот на Манчестер Сити и ја продолжија битката за трофејот во Премиер Лигата со Арсенал и лидерот Манчестер Јунајтед.


“Рецептот“ за екипите од Манчестер го има португалецот Давид Луиз, кој со неговиот погодок Челси го отвори резултатот. Давид Луиз исто така му даде гол на Јунајтед. По една соло акција на Рамирес ги постави конечните 2-0.

Резултати: Челси – Мен Сити 2-0, Сандерленд – Ливерпул 0-2

Табела: Мен Ју 63, Арсенал 58, Челси 54, Мен Сити 53, Тотенхем 49. . .

Мх.П.