Челси со победата на гостувањето кај ВБА направи голем чекор кон обезбедуање на место во Лигата на Шампиони наредната сезона. Сините беа во негатив по 20 минути игра , но со крајот на полувремето со погодоците на Дрогба, Калу и Лампард го завртеа резултатот во своја корист.

Резултати : Бирмигем-Сандерленд 2-0, Блекпул-Виган 1-3, Евертон-Блекбурн 2-0, ВБА-Челзи 1-3,

Вест Хем-Астон Вила 1-2.

Дерби натпреварот в недела ќе го одиграат Арсенал и Ливерпул. Пресметката е исклучително значајна за двата тима, Арсенал за да остане во трка со Манчестер Јунајтед во борба за титулата, а Ливерпул да ги задржи шансите за освојување место кое следната сезона ќе го однесе во Лига Европа.

Ohridnews