Дербито на Манчестер во полуфиналето од ФА купот му припадна на Сити кој со 1-0 го победи Јунјатед и по пауза од 35 години е многу блиску до освојување на трофеј.


Единствениот погодок на мечот беше постигнат во 52 минута, а беше дело на Јаја Туре. Дваесетина минути подоцна беше исклучен Пол Сколс по што дополнително беше отежната можноста за реми.

Противник на Сити во финалето на Вембли ќе биде подобриот од дуелот меѓу Болтон и Стоук.

Ohridnews