Снежното невреме целосно го парализира северниот дел од Србија, а во десетина општини е прогласена вондредна состојба. Повеќе од 200 автомобили се завеани на патот кој од Нови Сад води до Суботица, а околу 16 часа локалното население и припадници на армијата со воени хеликоптери и тенкови, учествуваат во акцијата за спасување.

Дел од автопатот Нови Сад – Суботица е затворен за сообраќај, како и граничниот премин Хоргош кон соседна Унгарија.

Како што соопштуваат српските медиуми, припадници на српската полиција успеале да евакуираат стотината патници, кои се наоѓале во двата меѓународни воза, кои утринава останале завеани на пругата во близина на градот Врбас во Војводина.

OhridNews

фото:„РТС“