Видео снимката случајно ја направил еден италијански турист. Во страотната несреќа животот го загубија сите девет лица кои се наоѓаа во хеликоптерот и малиот авион.
Видео: Снимка од несреќата на хеликоптерот и авионот во Њујорк
15.08.09 00:01
Овој трагичен настан се случи минатата недела во Њујорк, а оваа снимка е од голема корист на истражителите при утврдување на причините, пренесуваат американските медиуми. На неа се гледа како авионот очајнички се обидува да го избегне хеликоптерот, но без успех. Елисата на хеликоптерот го зафати левото крило на авионот и го откина. При тоа и хеликоптерот остана без елиса, по што двете летала завршија во реката Хадсон.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











