Точно напладне се огласија сирените од бродот „Армада“ на градското пристаниште, додека во позадина се слушаше тажната „Се уште сонувам дека сме заедно“ (Још увек сањам да смо заједно). Вака Охрид се потсети на Македонскиот ангел Тоше Проески, кој трагично го загуби животот пред 13 години во сообраќајна несреќа во Хрватска.

Во знак на почит кон Тоше, кафетериите и рестораните во Охрид денеска ги пуштаат песните на Тоше.

Иницијатор на активности во спомен на Тоше е ЛК Лихнидос кој во иднина планира и поставување на пригодно спомен обележје на Тоше во Охрид.

OhridNews

13 години без Тоше, во негова чест на пладне во Охрид ќе се огласат градските сирени и ќе се пушта неговата музика