Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” вечерва се вонредно ангажирани на терен после првиот снег.

-Активирани се работници за рачно расчистување на пофреквентните тротоари и чаршијата, а од делот на механизација активиран е фап со епоха за посипување на абразивни средства, 2 трактори со соларки, 2 возила со ножеви и комбинирана машина за чистење снег. Чистењето ке продолжи и во текот на ноќните часови, со цел да се спречи замрзнување на коловозите и тротоарите низ градот. – информираат од јавното претпријатие.

Снегот кој интензивно почна да врне во доцните попладневни часови до полноќ формира снежна покривка од околу 15 сантиметри. Сообраќајот низ градот се одвива во зимски услови. На коловозите има остатоци од снег, кој поради ниските температури мрзне, поради што на возачите им се препорачува крајно внимателно возење.

Според најавите за Бадник ќе имаме облачно и студено со повремени врнежи од снег со послаб интензитет, особено претпладне. Ќе дува силен северен ветер. Можна е појава на снежни навеви. Максимланта дневна температура во Охрид ќе изнесува -6 степени Целзиусови информираат од УХМР Македонија.

OhridNews