Капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филевски, жали за трагедијата што на 5-ти септември 2009 година се случи во Охридското Езеро. Во изјава за македонските медиуми, тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и  рече оти му е тешко како млад човек да се соочи со една таква сурова вистина. Вели дека никогаш нема да го заборави настанот, кој се случил за миг. Убеден е дека бродот „Илинден“ бил исправен за пловидба и дека имал максимална доверба во него.

OhridNews