Репрезентацијата на Данска го доби дуелот на поразените во првото коло, против селекцијата на Камерун со 2-1. “Лавовите“ беа тие кои дојдоа први во предност преку најголемата ѕвезда во тимот Самуел Ето.  Данците се консолидираа и преку Бендтнер изедначија на 1-1, а Ромедал во вториот дел погоди за огромни три бода.


Победата на Данска, им ја отвори вратата на Холандија за пласман во осминафиналето. Данска во последното одлучувачко коло ќе играт против Јапонија. Традицијата вели дека во трите досегашни учества на СП, данците усепевале да изборат пласман во наредната фаза.

Ohridnews