Шпанија и Германија ќе играат во полуфиналето од Светскиот Куп во Јужна Африка.  “Фуријата“ во драматичен и возбудлив натпревар го совлада Парагвај минимално со 1-0 благодарение на голот на “минерот“ Давид Виља во 83 минута.


Парагвајците имаа први шанса да бидат тие кои ќе патуваат меѓу најдобрите четири, но Кардосо не успеа да реализира најстрога казна.

Возбудувањата не завршија тука,  во наредниот напад во казнетиот простор на Виљар беше соборен Виља, а гватемалскиот судија по втор пат покажа на белата точка. Алонсо погоди но , судијата го поништи првиот удар и Алонсо мораше да го повтори ударот. Овај пат Виљар го одбрани ударот на шпанецот.

Европскиот првак доминацијата на теренот ја круниса во последните десет минути. По соло продорот на Иниеста, Педро ја погоди стативата, на одбиената топка натрча Виља кој биеше од прва, топката по ударот во двете стативи влезе во голот на Парагвај.

 Полуфиналето кое е реприза на финалето од ЕП во Виена се игра во среда во 20.30 минути

Ohridnews