Репрезентацијата на Германија го освои третото место на 19 – от Светски куп во Јужна Африка. Панцирите  во финалето во драматичен натпревар полн со пресврти славеа над Уругвај со 3-2.


Први во предност дојдоа избраниците на Јоаким Лев, преку најдобриот млад играч на првенството Томас Мулер. На 1-1 по страотната контра изедначи Кавани.


Со петтиот погодок на Мундијалот Диего Форлан донесе предност за Уругвај на стартот на вториот дел.Неговиот гол го поништи “на несакање“ Јенсен.

Кога сите очекуваа мечот да замине во продолженија Кедира најдобро се снајде во мешаницата пред Муслера и ја осигура бронзата. Најдобриот играч на Уругвај, Форлан го имаше последниот збор, но неговиот удар во 93 – та минута заврши во пречката.

М.П.