Репрезентацијта на Холандија е првиот финалист на Светскиот куп во Јужна Африка. “Лалињата“ до финалето стигнаа по триумфот над Уругвај со 3-2.


Изедначено беше во првиот дел во кој испукаа по два проектили двете екипи. Прв распали капитенот на Холандија, Џовани Ван Бронхорст од триесетина метри, додека на спротивната страна врати капитенот Диего Форлан со четвртиот погодок на Мундијалот.

Се до средината на вториот дел “уругвајците“ одолеваа на нападите на “порткаловите“. На двесетина минути пред крајот лидерот на “оранје“ Весли Снајдер ја проби одбраната на Уругвај. Неколку минути подоцна точка стави Робен по центрашутот на Кајт.


Во судискотото надополнување Переира само го ублажи поразаот.

За Холандија ова е трето финале на светските првенства, во претходните две претпреа порази од Германија во 1974 и Аргентина во 1978.

Ohridnews