Холандија и Јапонија се репрезентациите кои обезбедија пласман меѓу најдобрите 16 – ет на 19 – то светско првенство во ЈАР.

“Лалињата“ во натпревар без резултатско значење го совладаа Камерун со  2-1. Ван Перси и Хунтелар погодија за портокаловите, додека почесниот гол во второто полувреме беше Ето`о.

Јапонија ја надигра Данска и славеше со 3-1, Хонда и Ендо погодија во првиот дел. Томасон намали на 2-1, но Оказаки во финишот не мечот не дозволи изедначување.

Во осминафиналето Холандија ќе игра против Словачка, додека Јапонија ќе игра против Парагвај.

Ohridnews