Актуелниот светски првак, Италија одбраната на титулата ја започна во препознатлив стил, играјќи нерешено 1-1 со селекцијата на Парагвај. Алкараз беше највисок во скокот по центаршутот од слободен удар и со глава ја смести топката во долниот дел од голот на Буфон.

“Аѕурите“ резултатски се вратија преку Даниеле Де Роси кој беше најснаодлив по ударот од аголот на Пепе и лошата интервенција Виљар.

Сепак ремито не е` најлошата вест за тифозите на Италија. Поради повреда за време на полувремето играта ја напушти голманот на светскиот првак Џанлуиџи Буфон. Поради повреда Италија не може се уште да смета на влијателниот плејмејкер Андреа Пирло.

Ohridnews