Шпанскиот број 1, Икер Касиљас заслугите за одбранетиот пенал му ги препиша на колегата од репрезентацијата , Пепе Реина.- Фудбалот е тимска игра и тимот победува или губи – рече Касиљас кој не сакаше да се стави во преден план по победата на Парагвај и пласманот во полуфиналето.


Во 59 – та минута Касиљас го запре ударот на Кардосо, а потоа покажа према клупата за резерви. После мечот тој откри дека неговата гестикулација значеше благодарност кон Реина кој беше на клупата

– Тој (Реина) ми кажа на која страна ќе шутира Кардосо – призна Касиљас.

Европскиот првак од 2008 година за прв пат во својата историја ќе игра во полуфиналето од Светскиот Куп.

Ohridnews