Тактички (не)поткованиот Марадона е една од главните причини за еден од највисоките порази на Аргентина на Светските првенства. Голот во 160 секунда од мечот на Мулер ја растури како кула од карти, концепцијата ако воопшто ја имаше, на легендарната десетката на Аргентина.
“Ил Пибе“ беше постојано во расчекор со случувањата на натпреварот, не читајќи ја играта на противникот влечејќи секогаш задоцнети потези. Не му помогнаа ниту чевлите за танго, елегнтното одело и двата часовника на неговите раце.
По овај дебакл на аргентинците се поизвесно е дека Марадона ќе го напушти селекторското место на клупата на Аргентина.
Елфот“ ги збриша „гаучосите“
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com