Уругвај – Холандија ќе се борат за влез во финалето на Мундијалот во Јужна Африка. Репрезентацијата на Уругвај беше подобра од Гана по подоброто изведување на пеналите co 5-3. Јунак на мечот беше голманот на Уругвај Муслера, кој ги скроти ударите на Менса и Адија.


Во регуларнте деведесет минути мечот заврши 1-1, по еднаш во двете полувремиња погодија двете селекции. За Гана на истекот на првиот дел стрелаше Мунтари, додека кај Уругвај прецизен беше Форлан. Шансата на мечот ја имаше Гиан кој во 120 минута од мечот не реализираше најстрoга казна.

Првата полуфинална пресметка се игра во вторник во 20.30 минути.