По пензионирањето на легендарниот Питер Шилтон, англичаните мака мачат со голманската позиција. Ниту еден од неговите наследници ни оддалеку не успеа да се доближи до неприкосновениот. Во меѓувреме се изредија Симан, Робинсон , Џејмс, Карсон па и Грин кои повеќе ќе останат запаметени по кикс головите, отколку по добрите одбрани.