Репрезентацијата на Парагвај е седмиот патник во четвртфиналето, откако попладнево дури по изведувањето на пеналите ја совлада Јапонија со 5:3. Гледачите не можеа да уживаат во интересна игра, па така пенал рулетот беше единствното возбудување во ова осминафинале.


Трагичар на мечот е јапонскиот играч Комано, кој беше единствениот што промаши пенал. Неговиот удар заврши во пречката. Сите пет играчи на Парагвај беа сигурни изведувачи.

Противник на парагвај во четвртфиналето ќе биде подобриот од вечерашното соседско дерби меѓу Шпанија и Португалиј