Светскиот првак Италија е елиминиран од понатамошните натпреварувања на светското првенство. “Аѕурите“ во последниот натпревар од групата беа поразени од Словачка со 3-2. Драматичен и до крај интересен натпревар одиграа Словаците и Италијаните во кој на крајот се радуваа “белите“ кои го исфрлиja од игра светскиот првак.


Стрелци на головите во историската победа за Словачка беа Витек на двапати и Копунек, за “аѕурите“ погодија Ди Натале и Кваљарела.

На останатиот натпревар во оваа група Парагвај и Нов Зеланд ремизираа 0-0.

Табела

1 Парагвај 3 1 2 0 3-1 5
2 Словачка 3 1 1 1 4-5 4
3 Нов Зеланд 3 0 3 0 2-2 3
4 Италија 3 0 2 1 4-5 2

Пласман во осминафиналето обезбедија селекциите на Парагавај и Словачка.

Ohridnews