Португалија на натпреварот со Северна Кореја го покажа вистинскот лице, “селесао“ со убедливи 7-0 триумфираше над “армијците“. По пауза од 16-ет месеци во листата на стрелци се запиша  капитенот Кристијано Роналдо на мошне чуден начин.



– Погодокот што го постигнав многу ме развесели и многу сум среќен што остваривме победа. Одигравме одлично на секаде по теренот, да постигнеш седум погодоци на Светско првенство не е мала работа. Му честитам на моите соиграчи од репрезентацијата, сега треба да се фокусираме на наредниот натпревар со Бразил. изјави предводникот на “селесао“ Кристијано Роналдо.