Шпанија го победи Чиле со 2-1, благодарение на погодоците на Виља и Иниеста во првиот дел. Почесниот гол за Чиле беше дело на Виљар.
Швајцарија ја имаше судбината во свои раце, но не успеа да го совлада Хондурас (0-0) и да се замеша во трката за едно од двете места.
Во осминафиналето Шпанија ќе игра против Португалија, додека Бразил ќе игра против Чиле.









