Репрезентацијата на Уругвај е првиот патник во четвртфиналето откако со 2-1 ја доби латинско – азиската пресметка со Кореја.


Суарез го отвори резултатот во осмата минута, и се до 68 – та “племето“ беше во предност кога Чунгјонг изедначи на 1-1. Најдобриот играч на теренот повторно погоди во 80 минута и со неговиот трет погодок на Мундијалот го одведе Уругвај меѓунајдобрите осум.


Избраниците на Оскар Табарез во четвртфиналето ќе играат со подобриот од дуелот САД – Гана.

Ohridnews