Луис Суарез со пантерска интервенција во 120 – та минута ја спаси репрезентација на Уругвај од сигурен погодок. Португалскиот судија Бенеквернца без размислување покажа на белата точка, а Суарез беше испратен на трибините.


– Во првиот момент бев тажен, бидејќи никој не сака да биде исклучен, но немав друг избор. Но, на крајот се исплатеше да се заработи исклучување на овој начин. Се мачевме до крајот, но сега и јас имам ’Божја рака’’ – рече Суарез.

Суарез доби црвен картон, а досудениот пенал Асамоа Гуан не го искористи, така што по изведувањето на пеналите победи Уругвај со 4:2. Напаѓачот е казнет еден натпревар и ќе ги пропушти полфиналниот меч со Холандија.

Ohridnews