По двата постигнати гола во четвртфиналето против Аргентина, Мирослав Kлосе со 14 постигнати гола на Мундијалите се израмна на вечната листа со неговиот сонародник Герд Милер.
Лидер на вечната листа е бразилецот Роналдо кој на Светските првенства во 1998, 2002, и 2006, постигна 15 погодоци, а зад Клосе и Милер се наоѓаат Жист Фонтен од Франција со 13 погодоци (но само на едно светско првенство 1958), и Пеле (Бразил) со 12 погодоци (1958, 1962, 1966, 1970).
Мечот со Аргентина за Клосе беше јубилеен 100-ти во неговата интернационална кариера во која постигна 52 гола.
За да го (пре)стигне Роналдо, германецот со полски корени, ќе има уште две шанси, полуфиналето против Шпанија, како и натпреврот во малото или големото финале.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com