Темпераментниот Карлос Тевез со негодување ја прифати одлуката на селекторот Диего Марадона, кога при резултат од 3-0 во 70 минута беше заменет со Хуан Себастијан Верон.


Тевез имаше одлична вечер постигнувајќи два гола (еден од офсајд), но и покрај овациите кои ги доби од присутните на стадионот, со ја напушти играта.

– Ми требаше ваков натпревар за да докажам дека сум подготвен и дека сум во одлична форма. Горд сум што го носам аргентинскиот дрес. Се борев со сите сили и се чувствувам сосема добро, така што не разбирам зошто бев сменет. – вели Тевез.

СП : И Аргентина меѓу најдобрите осум