Топ три погодоци
3. Вечниот “тивок“ фаворит Германија со убедлив триуфм од 4-0 над Австралија го започна мундијалот. “Панцирите“ резултатот го отворија преку Лукас Подолски кој распали по повратната топка на Томас Милер.
2. Второто место е резервирано за наѓачот на “бафана бафана“ Чабалаба, кој на отварање на мундијалот стрелаше презицно за водство на Јужна Африка.
1. Десниот бек на “кариоките“ Маикон по асистенцијата на Елано од мртов агол со “надворешен фелш“ го скрши отпорот на Северна Кореа.
Топ три грешки
3. Словенија ги освои дебитанските бодови на мундијалот откако го совладаа Алжир со минимални 1-0, капитенот Роберт Корен биеше од далечина чуварот на мрежата на Алжир, Чаучи реагираше неспретно за голема радост на змајчеките.
2. “Портокаловите“ цело полувреме се мачеа да ја затресат мрежата на Томас Соренсен, од “рака“ тоа му појде на дефанзивецот на Данска, Симон Полсен кој на стартот од второто полувреме по нафрлената топка на Ван Перси ефекнто ја смести во неговиот гол.
1. Првото место на “бизарни“ погодоци му припадна на “среќникот“ и голманот на англиската репрезентација Роберт Грин. Англија во натпреварот со Америка ги држеше конците во рака и водеше се до таа кобна 40-та минута кога Клин Демпси шутираше млако по земја а катастрофалниот кикс на Роберт Грин го спушти на земја “гордиот албион.









